Cboard е табла за комуникација за деца и возрасни што не можат да комуницираат користејќи го својот глас. Таблата за комуникација во суштина е табела со слики или симболи на кои корисниците можат да покажат за да ги изразат своите потреби и мисли. Постојат нискотехнолошки решенија на кои не им е потребна електрична енергија и високотехнолошки решенија кои можат да генерираат говор.

Cboard

Cboard е бесплатна ААК веб-апликација со отворен код со поддршка за текст во говор. Направена е за широк спектар на говорни и јазични оштетувања како што се церебрална парализа, интелектуално оштетување и аутизам. Поддржува повеќе од 33 јазици и работи на повеќе уреди. Доаѓа со повеќе од 3400 симболи од Мулбери сет симболи за креирање персонализирани табли.

На кого му треба?

Комерцијалните решенија може да бидат скапи или да имаат ограничена јазична поддршка, што ги прави недостапни за многу луѓе во земјите со низок приход.

Според Светската здравствена организација, во многу земји со ниски приходи, само 5-15 отсто од луѓето на кои им е потребна асистивна технологија можат да ја добијат

Нашата цел беше да направиме Cboard решение кое работи за секого, секаде. За да го постигнеме ова, го искористивме интернетот како наша платформа, тој ни овозможи да го обезбедиме Cboard на десктоп компјутери, таблети и мобилни телефони со модерен прелистувач. Нема процес на инсталација, нема купување, само отидете на линк и подготвени сте.

Зошто отворен код?

Cboard започна како проект со отворен код без буџет, тој се потпираше (и сè уште се потпира) на волонтери од целиот свет. Придонесот и фитбекот од програмерите, логопедите и преведувачите на јазици, помогнаа да се обликува проектот до неговата сегашна состојба. Главната предност да се биде проект со отворен код е тоа што сите вклучени всушност се грижат, луѓето придонесуваат во своето слободно време и без надомест, некои се идентификуваат со мисијата на проектот, некои се грижат за технолошкиот напредок, но **на сите им е битно</ па> тоа и се забележува.</p>

Како започна?

Кога сфатив дека некои луѓе можеби нема да можат да пристапат до такви комуникациски помагала, почнав да ја истражувам можноста за развој на бесплатна веб алтернатива со повеќе јазици. За среќа, интернетот еволуираше доста убаво во последните неколку години и сега ги обезбедува сите делови што недостасуваат за да се постигне такво вклопување, од Speech Synthesis API до стручните лица, она што остана е спојувањето на сите делчиња заедно.

Со мала помош од моите пријатели

Сакав да најдам програмери кои би сакале да се приклучат на авантурата, но од каде да почнев? Апликацијата се развива во React JS, па јас се приклучив Reactiflux, на големата заедница од React JS девелопери. Таму го најдов Акшат Гупта, кој се придружи и помогна во иницијалното креирање. Им испратив е-пошта на програмерите барајќи помош за проектот, одговорите беа убави! Некои даваа насоки, некои твитнуваа, Aaron Gustafson ме воведе во Amberley Romo, страстен девелопер, којшто се приклучи на тимот. Martin Bedouret Едноставно само се појави на нашиот Discord Server каде што слушна за проектот и реши да ни се приклучи. Мартин го поврза проектот со Циреха центар за рехабилитација во Аргентина, кој ни обезбедува советодавна поддршка и поддршка поврзани со продуктот.

Сите овие луѓе и повеќе имаат директно влијание врз успехот на проектот, за што сум им засекогаш благодарен.

Циреха

УНИЦЕФ FTW!

Во оваа фаза ги имавме сите неопходни работи за добар проект, но за да го забрзаме развојот ни требаа финансии. Тогаш во игра влезе Фондот за иновации на УНИЦЕФ, а по неколку месеци развој, дознавме за повикот на УНИЦЕФ за финансирање на апликации со отворен код за AAC , ги пополнивме формуларите и го доставивме Cboard. Неколку месеци подоцна и демото измеѓу, ни беше кажано избранибевме за финансирање. Ова е од огромно значење за проектот! и ќе влијае на темпото на развој и севкупниот квалитет на нашиот производ. Планираме да ангажираме хонорарци кои ќе помагаат во лекторирање на преводите, програмери кои ќе помогнат со функциите што недостасуваат. Апликацијата ќе продолжи да се нуди бесплатно и ќе продолжи да биде со отворен код.