Ние во Cboard неодамна објавивме нова интересна функција: поддршка за Openboard. Ова ќе биде клучна работа со цел да им се овозможи на корисниците на Cboard флексибилна платформа која поддржува лесно споделување и миграција.

Што е форматот Openboard?

Форматот Openboard, или накратко OBF, е спецификација за AAC комуникациските табли, ги опишува податоците и структурата потребни за претставување на таблата, од бројот на редови на табелата до копчиња, слики и многу повеќе. Создаден е за да овозможи таблите да бидат преносливи меѓу апликациите и споделени меѓу луѓето.

Зошто да го поддржувате Форматот Openboard?

Кога дознавме за Форматот Openboard, не требаше многу да размислуваме, придобивките беа очигледни, сите добиваат, корисникот, Cboard и еко-системот AAC (се надеваме). Корисникот може да ги мигрира своите табли на други апликации и да споделува табли со други луѓе. Cboard може да инкорпорира јавно достапни табли од трети страни, корисниците можат да мигрираат на Cboard од други апликации. Ако повеќе табли компатибилни со OBF се објавуваат на интернет, таблите повеќе нема да бидат клучен фактор во одлучувањето помеѓу апликациите за AAC, тоа ќе ги принуди компаниите да се фокусираат повеќе на подобрување на квалитетот на софтверот, наместо на содржината за да добијат конкурентна предност.

Софтверски промени

За да се направи импортирање на OBF во Cboard, создадовме функција за преобработка што зема објект OBF и го трансформира во објект што Cboard може да го разбере и да го прикажува. Спецификациите исто така дефинираат начин за да се спакуваат повеќе табли како .OBZ датотека што всушност претставува една или повеќе .OBF датотеки компресирани преку gzip. За поддршка на gzip, требаше да додадеме два нови npm пакети jszip и jszip-utils.

Cboard

Што значи тоа за корисниците на Cboard?

Кога ја експортирате вашата табла на екранот поставки/експорт на Cboard, сега ќе имате опција да ја експортирате во Форматот отворена табла. Кликнете на копчето експортирај и изберете ја ставката од менито OpenBoard и зачувајте ја датотеката. Функционалноста за инпортирање не е променета.

Cboard

Што носи иднината?

Се надеваме дека еден ден ќе има главна репозиторија, која ќе нуди табли компатибилни со Open Board форматот, еден вид на виртуелна продавница на табли, коишто ќе бидат создадени од професионалци, ќе бидат сортирани по категории и ќе бидат оценети од луѓе и понудени бесплатно.

Shay Cojocaru