Cboard и OTTAA проект, двете портфолио компании од Фондот за иновации на УНИЦЕФ, работеа заедно во последните неколку месеци за да се засили ефектот.

Проектот OTTAA, како и Cboard, е алатка за луѓе со говорни и јазични оштетувања што им овозможува на корисниците да комуницираат користејќи пиктограми. Карактеристиките на алатката за проектот Ottaa вклучуваат предвидлива ААК, интеграција на социјалните мрежи, поставки за геолокација преку кои автоматски се добиваат поврзани пиктограми кога корисникот се приближува до одредено место и се разбира и тоа е целосно приспособлив софтвер.

Како е ова поврзано со Cboard, може да прашате. Па, проектот OTTAA има интердисциплинарен тим од програмери, инженери и логопеди и тие имаат значително искуство со правење софтвер за ААК и развој на хардвер, а имаат и експертиза во развојот на апликации за Android. Понатаму, тие се исто така со седиште во Кордоба, Аргентина (што е исто така местото каде што е и најголемиот дел од тимот на Cboard). Работевме заедно во минатото и преземањето на следниот чекор во соработката беше многу лесна одлука.

Ова е причината зошто Cboard ги здружи силите со нив за да продолжи да работи на подобрување со нивна поддршка. Cboard ќе продолжи да функционира како што е, додека работиме зад сцената со тимот на проектот OTTAA за да ја подобриме платформата врз основа на комбинација од нивната експертиза и повратните информации од корисниците. Оваа соработка е насочена кон изнаоѓање деловно решеније и за зголемување на пазарниот удел, за на крајот да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе со нашите решенија за ААК.

Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно!

Здружени сили