Горди сме што можеме да кажеме дека го завршивме процесот со кој се комплетираат нашите 15 месеци инвестиција од фондот за иновации на УНИЦЕФ.

Основно лого на Фондод за иновации на УНИЦЕФ

Најголемите клучни достигнувања

Во изминатите 15 месеци нашиот тим беше во можност да направи 3 итерации на развој и теренско тестирање за апликација базирана на клауд, којашто може да им помогне на корисниците во говорот.

Голем успех беше тоа што на почетокот ги префрливме повеќето од нашите развојни активности на надворешна компанија од Аргентина. Тоа му овозможи на главниот тим да се фокусира на дефинирањето на карактеристиките и да ја искористи интеракцијата со корисниците и логопедите.

Апликацијата има повеќе од двојно корисници од бројот што го проценивме пред една година!

Сè уште треба да изградиме силен и стабилен тим и вложуваме многу напор за да имаме постабилен бизнис-модел, којшто ќе може да генерира приходи.

Во исто време, работиме на консолидирање на маркетинг-стратегија со цел да стигнеме до пазари од различни земји, особено на оние каде што не се достапни тековни решенија.

Тимот на Cboard работи со тимот на Yellow Communicator.

Прототипирање

Апликацијата започна да се развива во React JS како едноставна апликација за интерфејс без да има можност за најавување или поврзување со клауд. Им испраќавме е-пошта на програмери барајќи помош за проектот, одговорите беа позитивни! Некои даваа совети, некои твитаа.

Брзо решивме да започнеме со дизајн на голем проект API со цел да обезбедиме Cboard cloud функција што ќе им овозможи на корисниците да се најавуваат, зачувуваат и создаваат содржина. Работата порасна и ја имаме главната архитектура и инфраструктура, подготвени сме за она што следи!

Корисничко / теренско тестирање

Помеѓу другите корисници, Cboard изгледаше како добра можност за неколку од повозрасните корисници. Еден, особено, се истакна како одличен кандидат, 22-годишник со церебрална парализа, а претходно на тестирањето немаше искуство со помошна аугментативна комуникација (ААК). Таа имаше ограничено користење на рацете и дланките, но можеше да го користи Cboard на таблет. Таа можеше да навигира, да ги изрази своите потреби (можеше јасно да изрази дека е гладна и сака да јаде торта), како и брзо да сфати како да се врати назад, што значат категориите, па дури и изрази дека ужива во Cboard. Она што беше забележано од нејзиното тестирање е дека ќе и беше корисно ако копчето „назад“ беше поголемо, а папката „семејство“ беше збунувачка со тоа што таа не ги разбираше пиктограмите што се користат за да ги претстават членовите на семејството.

Отворен код

Отворениот код е причината зошто постои Cboard.

Сите членови на тимот се познаваат затоа што во одреден момент се приклучија на заедницата со отворен код.

Набргу по создавањето на проектот на GitHub, луѓето кои имаа различни идеи и знаење почнаа да придонесуваат со различните области на експертиза. Програмерите, дизајнерите, преведувачите, па дури и корисниците и родителите можеа да најдат место за соработка за што отворениот код беше клучен.

Тимот што работи со Фондот за иновации на УНИЦЕФ

Иако отворениот код е главната причина за постоењето на Cboard, тој требаше да се соочи со некои предизвици. Недостигот на стабилен тим кој е посветен на целите на проектот е болна точка во секој проект. Се обидовме да го ублажиме тоа со ангажирање компанија за развој на софтвер и добивме добри резултати, но беше тешко да се добие додадена вредност кога сакавме да развиеме функции кои би биле отворени за предлози и подобрувања.

Исто така, квалитетот беше голем предизвик. Cboard е сложена апликација во овој момент иако изгледа едноставно и чисто. Ние поддржуваме најавени и ненајавени корисници, офлајн и онлајн режими, приспособени табли, аудио, истовремено користење на повеќе уреди и др. И секоја функција мора да работи како што е замислено без да влијае на другите, а тоа не е лесно, особено кога вашите програмери се соработници од заедницата со отворен код. Квалитетот не е прашање само на добра желба туку прашање е и на посветеност и искуство. И ние сè уште се бориме со тоа.

Сѐ уште останува борбата да го консолидираме тимот. Ние не бараме само преведувачи или програмери, бараме посветеност. Со тоа, учеството во тимот е на второ место за Cboard.

Сметаме дека нашиот проект е заедничко место за оние кои имаат тешкотии во комуникацијата и оние кои сакаат да им помогнат.

Следен сет цели.

Иднината ќе биде возбудлива за Cboard. Од наша гледна точка, целата работа што ја работевме досега е само основа за добрите нешта што следат. Машинското учење, вештачката интелигенција, интерфејсите помеѓу мозокот-компјутерот не се само добри приказни за епизодите од филмот „црно огледало“, тие се меѓу нас и ќе бидат дел од Cboard во иднина. Нема начин да избегаме од новите парадигми на технологијата и сакаме да бидеме дел од нив и тоа не само зашто тоа е технолошки тренд, туку главно затоа што силно веруваме дека тие можат да им помогнат на луѓето со тешкотии. Замислуваме како луѓето ја користат апликацијата со помош на нивните мисли и како Cboard ги изговара речениците природно како и луѓето без говорни нарушувања.

Фонд за иновации на УНИЦЕФ

Да се зборува за Cboard значи и да се зборува за фондот за иновации на УНИЦЕФ Сосема сме сигурни дека проектот ќе беше само убава и кул репозиторија на GitHub и не многу повеќе од тоа без поддршката од тимот на УНИЦЕФ. Тие овозможија професионализам и издржаност на идеите што ги имавме.

Во исто време нè натераа да размислуваме, и тоа да размислуваме многу. Дали размислувавме за бизнис-моделот, за важноста на тестирањето со корисниците, дефиницијата на личноста, маркетинг стратегијата и сегментите на клиентите пред да се приклучиме на фондот? Одговорот беше НЕ.

Тие го направија истото што го прави и добриот учител: не натераа да размислуваме за работите што никогаш не сме ги земале предвид и ни покажаа колку се важни тие работи.

Навистина ќе ни недостига нивната поддршка и совети од сега па натаму.