УНИЦЕФ Регионалната канцеларија за Европа и Централна Азија (ECARO) пилотира корисничко тестирање за промовирање на пристапната технологија за зголемена и алтернативна комуникација (ААК) во Хрватска, Црна Гора и Србија.

Според оние што го спроведуваат тестирањето, Cboard промовира интеракција, помага да се надминат говорните оштетувања, да се развие јазикот и да се насочат децата кон образование и активен социјален живот уште од раното детство.

Во регионот каде што се спроведува тестирањето, се проценува дека 12.000 деца на возраст од 0 до 6 години имаат потреба од AAC, додека други 840.000 би можеле да имаат корист. Cboard е бесплатна и технологија со отворен код што сака да обезбеди ААК на сите оние на кои им е потребна.

Пилот-проект на УНИЦЕФ ECARO Професионална поддршка на дете да користи Cboard, предучилишна установа Звездара, Белград, 2019 година / од Милана Јеловац

План за корисничко тестирање

Корисничкото тестирање започна во ноември 2019 година, во кое беа вклучени 125 деца на возраст меѓу 3 и 12 години во Хрватска, Црна Гора и Србија. Работата опфати над 70 професионалци, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на наставници од предучилишна возраст, логопеди и јазични терапевти, професионални терапевти, специјални едукатори, психолози.

Професионалците развија пакет за обука оформен како дел за лице в лице и дел за онлајн учење, кој е достапен за професионалци од други земји да продолжат со тестирање. Cboard се тестира како интервентна алатка за да им помогне на родителите и професионалците да реагираат интервентно. Овој тип на интервенција има за цел да ја промовира комуникацијата во секојдневните ситуации и активности, подготвувајќи го детето и родителите за вклучување во општеството.

Првични резултати од тестирањето

Првичниот одговор на апликацијата кај родителите и стручните лица беше позитивен. За повеќе од половина од децата и семејствата вклучени во тестирањето, Cboard беше првиот дигитален комуникатор што го користеа. Најголемите предизвици со кои се соочија во првите фази на тестирањето вклучуваа тешкотии при прилагодување кон користење на новата технологија и ААК. Некои од родителите и стручните лица беа интервјуирани за нивните искуства:

„Нашиот син го прифати тоа подобро отколку што мислевме. Сега тој има начин да не прашува и да комуницира со нас. Порано кога сакаше нешто, нè фаќаше за раце и покажуваше кон предметот што го сака. Неколку дена откако почна да користи Сиборд, ни вели „Мама дај“ (на англиски: Mom give me). И притиска на сликата на сендвич на таблетот. Неговата најголема мотивација е храната, па затоа почнавме со храна“

Николина Кураица, мајка на Никола, 6-годишен, повеќекратни комуникациски оштетувања, Дубровник, Хрватска.

Родителите пронајдоа начини да го персонализираат Cboard во нивната домашна средина, со вклучување слики од вообичаени предмети од нивниот секојдневен живот до фотографии од членовите на семејството и со тоа што ќе го направат попознато, полесно, поразбирливо:

„Детето одлично напредува и таблетот го носи насекаде. Нејзината мајка направи фотографии од нејзините оброци и членовите на семејството“.

Центарот „Слава Рашкај“ во Сплит, Хрватска.

Професионалците што беа вклучени во тестирањето нѐ известија дека се чини оти децата реагираат особено добро на функцијата текст во говор на апликацијата, со која името на пиктограмот што е притиснат се изговара гласно во одбраниот јазик. Ова доведе до извештаи за подобрена самодоверба и вокализација кај децата кои биле првенствено невербални:

„Нашето дете изговараше реченица од три збора неколку пати кога го бараше посакуваниот предмет, но неодамна повремено почна да го користи изолираниот збор“.

Пилот-проектот ECARO на УНИЦЕФ ААК обука за професионалци, Загреб, Хрватска, октомври 2019 година

Наташа Сречковиќ Миленковиќ, логопед за Срна, 3-годишно девојче од Белград, Србија, го забележа следново:

„Срна беше невербална и почна да зборува откако ја искористивме апликацијата Cboard. Поставивме икони за ДА, БРАВО, ПОВЕЌЕ, а по користењето на Cboard, Срна почна спонтано да ги користи тие зборови во комуникацијата кога сака нешто. Сега, кога ќе направи нешто како што треба, се тапка и вербално вели „БРАВО“. Во комуникацијата, таа го зголеми бројот на зборови што ги изговара, некои како почетни слогови, други како цели зборови, па сега работи на проширување на својот вокабулар на таблет.

Мерење на успехот на Cboard

Со цел да се измери влијанието на Cboard, се користи скалата PIADS (Психосоцијално влијание на асистивните уреди) за мерење на напредокот во приспособливоста, компетентноста и самодовербата.

Првичните резултати од тест точките на PIADS покажуваат позитивен тренд, со напредок во сите три домени. Во пракса, тоа значи дека „фрустрациите сега се помалку изразени и корисниците сега се помирни и посреќни деца. Cboard го олеснува животот и му овозможува на детето да комуницира“, како што забележа воспитувач од предучилишна возраст во CVIT Mediterana, Сплит, Хрватска.

Пилотирањето на УНИЦЕФ во ECARO Дете кое користи Cboard, предучилишна установа Звездара, Белград, 2019 година / од Милана Јеловац

Следен чекор

Тестирањето продолжува за време на ковид-19 додека децата ја користат апликацијата од своите домови, потпомогнати од родителите. Професионалците обезбедуваат поддршка преку виртуелни платформи вклучувајќи ги Whatsapp и Viber. Дополнително, нова нативна верзија на Cboard е во развој со нови функции кои ги вклучуваат коментарите и фидбекот добиени за време на пилотирањето.

Посебна благодарност до сите оние кои беа и продолжуваат да бидат вклучени во тестирањето и голема благодарност до Александра Јовиќ, БП Панвар и претставниците на канцеларијата на УНИЦЕФ во земјата Мелани Марковиќ, Маја Ковачевиќ и Јелена Зајегановиќ.