Во последните две недели од тестирањето, продолживме да добиваме багови и од Сирен и од Еипан, но иако видовме неколку нови багови, поголемиот дел од пропустите беа вторично повторување на претходно видени багови. Ова беше корисно со тоа што децата не беа толку преоптоварени со нови слики, и го гледаа Cboard по втор пат (барем). Направивме папки со малку пиктограми (со помалку визуелна стимулација) со цел да утврдиме дали нивните реакции и разбирање се промениле од првата посета.

Ајпан

Корисничко тестирање – седмиците 3 и 4

По првите две недели, почетните пречки на кои децата се соочуваа со Cboard беа поради прекумерна стимулација од премногу пиктограми на екранот. Корисниците често имаа само малку или воопшто немаа искуство со помошна аугментативна комуникација (AAC), па логопедите предложија уредување на страниците за да се ограничат прикажаните слики. Ние, исто така, се фокусиравме на разбирањето на пиктограмите и способноста да комуницираат за време на активност користејќи ги овие пиктограми, наместо на способноста за навигација на пример. Бидејќи многу од корисниците беа многу млади и имаа само малку или никакво искуство со AAC, навигацијата ќе бараше време и вежбање, додека разбирањето на пиктограмите и разликата помеѓу папката наспроти пиктограмот требаше да биде биде моментално.

Го видовме 4-годишниот корисник со невро-развојно доцнење споменат во првиот блог пост по втор пат, но ја уредивме папката со цел да обезбедиме помалку пиктограми. Овој корисник сега можеше повеќе да се фокусира на она што беше на екранот, а Cboard овде служеше како алатка за олеснување на играњето. Играта се состоеше од капење и хранење бебе. Папките од Cboard што се користеа беа првенствено „храна“ и „хигиена“. Втората посета беше полесна бидејќи корисничката ги прифаќаше инструкциите и можеше да се фокусира подолго време на пиктограмите пред неа. Накратко, Cboard, како и секоја друга онлајн апликација или алатка, стана полесна за употреба со нејзиното користење и индивидуализираното уредување за личните потреби на овој корисник.

Останатите корисници кои беа видени, исто така, имаа олеснување со уредените папки, но имаа некои од истите проблеми претходно споменати во врска со големината на пиктограмите и поставувањето на копчето за назад, како и враќањето на почетната страница без притискање на копчето за назад повеќепати. Вторите сесии со корисниците покажаа дека практичното користење го олеснува користењето на Cboard, но дека додавањето на опцијата за зголемување и на пиктограмите и на опциите за навигација ќе биде неопходно за да се продолжи со развивање на апликацијата.

Ајбан2

Целокупниот фитбек и финалните согледби

Го завршивме првичното корисничко тестирање во Ciren и Eipan на 28 август. Фидбекот од тестирањето останува сличен на првичниот фидбек од првиот пост:

  • Комбинирањето на боите: да бидеме сигурни дека комбинирањето на боите , особено во папката „животно“ е јасна и им овозможува на корисниците да ги разликуваат животните.

  • Поставки за големина: Да додадеме опција во поставките што ќе овозможи да се зголемат пиктограмите, копчињата „назад“, копчињата „бришење“ и „бекспејс“.

  • Печатењето на буквите: да се направи печатењето со големи букви наместо со мали.

  • Папки: Да се додадат папка „глаголи“ (и да се вклучат слушање музика, танцување, пеење).

  • Копирање и пејстирање пиктограми: да се додадат опција за копирање и опција за пејстирање пиктограми за да може да се користи истиот на повеќе различни локации.

  • Целокупен формат: Логопедите предложија дека би било корисно и ќе ѝ помогне на флуидноста на апликацијата ако се додаде копче за директно враќање на почетниот екран за да не мора да се притиска копчето за назад повеќепати.

Дополнителниот фидбек вклучува:

  • Офлајн употреба: можност за користење офлајн (без поврзаност со Wi-Fi).

  • Други карактеристики: можност за додавање игра користејќи ги пиктограмите?

Како заклучок, корисничкото тестирање спроведено во текот на месец август беше успешно со тоа што тимот на Cboard сега имаше доволно повратни информации за да започне со уредување и додавање на некои од предлозите и од корисниците и од професионалците. Cboard доби позитивен фидбек (пиктограмите се јасни, форматот е едноставен и лесен за употреба), но најкорисната повратна информација беше конструктивната критика околу тоа што не функционира и кои елементи од апликацијата би биле подобри ако се земат предвид различните потреби на корисниците. И Сирен и Еипан беа неверојатно корисни и благодарение на нивната соработка успеавме да добиеме толку многу конструктивни повратни информации.