Во неделите пред да започнеме со тестирање на употребливоста, контактиравме три центри за рехабилитација на говорот во централниот дел на Буенос Аирес, од кои два одговорија дека имаат подобни кандидати и дека ќе учествуваат во тестирањето. Првиот е Ciren (Сеопфатен центар за рехабилитација и невролошка едукација), а вториот Eipan (Интердисциплинарен тим за грижа на деца со развојни нарушувања). И двата центри обезбедуваат логопедска терапија, меѓу другите услуги, и работат со деца со повеќе различни дијагнози, вклучувајќи голем број со церебрална парализа</ а> и невро-развојно доцнење.</p>

Ајпан

Корисничко тестирање – недели 1 и 2

Првите посети на центрите ги започнавме во првата недела од август, состанувајќи се со професионалците, објаснувајќи ја целта на тестирањето, давајќи дополнителни информации во врска со Cboard и одговарајќи на сите можни прашања што ги имаа. На 6 август започнавме со тестирање со корисниците. Десетте корисници што ги видовме во првите две недели беа на возраст меѓу 4 и 22 години, повеќето од нив со церебрална парализа и еден со задоцнување во невро-развојот.

Првиот корисник, 4-годишно дете со доцнење во невро-развојот, можеше јасно да ги препознае симболите и можеше да ги препознае папките и општиот формат на Cboard. Корисникот можеше да зборува, но имаше проблеми со фокусирање и прекумерна стимулација. Заклучивме дека Cboard би бил опција за овој корисник, но тој ќе треба да се уредува за да се обезбеди помалку елементи на екранот за корисникот да може да се фокусира и да формулира идеја.

Во однос на другите корисници, Cboard изгледаше како добра опција за неколку од повозрасните корисници. Еден особено се истакна како одличен кандидат, 22-годишен со церебрална парализа, а претходно на тестирањето немаше искуство со помошна аугментативна комуникација (AAC). Таа имаше ограничена употреба на рацете и дланките, но можеше да го користи Cboard на таблет. Таа можеше да навигира, да ги изрази своите потреби (можеше јасно да изрази дека е гладна и сака да јаде торта), како и брзо да сфати како да се врати назад, што значат категориите, па дури и изрази дека ужива во Cboard. Она што беше забележано од нејзиното тестирање е дека ќе и беше корисно ако копчето „назад“ беше поголемо, а папката „семејство“ беше збунувачка со тоа што таа не ги разбираше пиктограмите што се користат за да ги претстават членовите на семејството.

Фитбек

Целокупниот позитивен фидбек беше дека пиктограмите се јасни и разбирливи во најголем дел, а повеќето го разбраа форматот и брзо знаеја како функционира апликацијата без премногу објаснување. Корисниците уживаа во Cboard и го гледаа како игра. Многу од помладите корисници (на возраст 4-6 години) уживаа во користењето на апликацијата за да комуницираат каква играчка сакаат, а потоа да си играат со самата играчка пред да продолжат со Cboard (на пример, притискање на пиктограмот на топка и потоа да им се даде топка).

Од друга страна, добивме голем број корисни предлози од тестирањето на кои треба да работиме:

  • Обоени подлоги: за да бидеме сигурни дека подлогата, особено во папката „животно“ е јасна и им овозможува на корисниците да разликуваат животни.
  • Поставки за големина: да додадеме опција во поставките што ќе овозможи да ги зголемуваме пиктограмите, копчињата „назад“, копчињата „бришење“ и „бекспејс“.
  • Печатење на буквите: да се направи печатење со големи букви наместо мали.
  • Папки: Да додадеме папка „глаголи“ (и да вклучиме „слушање музика“, „танцување“, „пеење“).
  • Копирање и пејстирање пиктограми: Да додадеме опција за копирање и пејстирање пиктограми за да може да се користат истите на повеќе различни локации.
  • Целокупен формат: логопедите сугерираа дека би било корисно и ќе ѝ помогне на флуидноста на апликацијата да се додаде копче што ќе ве врати директно на почетниот екран од апликацијата за да не мора да го притискате копчето за назад повеќе пати.

Планот за следните недели

За следните недели имавме закажано посети во двата Центри со корисници за да продолжиме со тестирање на Cboard (некои од оние кои се веќе видени и некои нови корисници. Поголем дел од добиениот фитбек од корисниците беше поставен на qtrial, каде што ќе може да имаме поширока слика за целокупниот фитбек од корисниците. За некои ќе биде потребна втора сесија бидејќи првата едноставно не беше доволна за да се процени дали ја разбираат Cboard или не. За многу корисници Cboard беше напорна за користење поради количината на прикажани пиктограми, но целта во следните две недели беше повторно да се тестираат корисниците, при што ќе се уредат нивните специфични кориснички профили според нивните лични потреби.

Исто така, планираме да соработуваме со логопедите за да видиме како да продолжиме да работиме на Cboard, и поконкретно, како тие би сакале да биде апликацијата. Неколку од нив спомнаа дека би сакале на нивните кориснички сметки да создадат различни папки со имињата на нивните корисници за да можат лесно да пристапат до овие персонализирани алатки за време на нивните сесии.